Пишува Џабир Дерала, за „Слободен печат“
Единствената политичка понуда на E Majta (во превод од албански: Левица), како што до неодамна се претставуваше во јавноста, се ограничува на ширење национализам и етничка омраза. Со своите ултранационалистички пораки во јавноста и во парламентот, шефот на E Majta, веќе одамна ги премина сите граници на дозволеното во јавната комуникација и во политичкото дејствување.
Иако се фали дека е професор по право, лажниот левичар не престанува да се брука со своето незнаење токму во областа на правото, како што беше случајот со неговиот конфликт со сообраќајниот полицаец, а веднаш потоа доби „воспитна“ и кога го „регулираше“ паркирањето на возилата.
Shefi i Të Majtës (во превод од албански: шефот на Левица) продолжува со својот отровен речник да ја контаминира јавната и политичка сцена, а ширењето националистичка хистерија му е некако „најприродно“ и „најпрофитабилно“, а во тоа, секако, не е сам. Тој може да биде само порадикален во настапот, со неприфатливо вулгарен и простачки речник, но основата на неговата политичка душа скита низ коридорите на белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Ништо повеќе.
Се згади од двојазичниот документ, токму тој што од тој двојазичен парламент, без приговор, зема плата. А платата ја обезбедуваат граѓанките и граѓаните на Северна Македонија кои зборуваат на македонски, албански, ромски, турски, српски, бошњачки, влашки… Ги нарекува северџгани, ама платата од нив си ја става в џеб. И сите други привилегии што му ги овозможува државата на тие северџгани, на кои ден по добивањето пратенички мандат им се обрати со зборовите: „Сите ќе ве стреламе“… ЦЕЛИОТ ТЕКСТ ПРОЧИТАЈТЕ ГО ТУКА.