Денеска започнува Првата македонска кошаркарска „Мтел“ лига

Со натпреварот помеѓу ТФТ Скопје и КК Куманово денес стартува новата 33. по ред првенствена сезона во најсилното клупско натпреварување во земјава – Првата македонска кошаркарска „Мтел“ лига.

Актуелниот шампион, МЗТ Скопје Аеродром, ќе го брани шампионскиот трофеј, заедно со титулите од Купот на Македонија и неодамна освоениот Суперкуп. Дванаесет екипи ќе се натпреваруваат оваа сезона, секоја со свои амбиции за подобар пласман и исполнување на желбите на своите навивачи.
КК Гостивар во првото коло ќе игра против Вардар на 6-ти октомври во 15:00 часот во Скопје.
За гостиварскиот прволигаш, новата сезона носи комбинација на искуство и талентирани играчи, клубот покрај тренерот Љупчо Малинков се засили и со Дарко Соколов (Еуро Никел 2005), Ненад Зивчевиќ (Клик-Србија), Ксавиер Родес (Дубровник-Хрватска), Џонатан Комагум (Бима Перкаса-Индија), Младен Грушановиќ (Гајдобра-Србија) и Мартин Ѓорѓиоски (Феникс 2010). Но, екипата ќе мора да се потпре на колективната сила за да се обиде да го поправи впечатокот од минатата сезона.
Во првото коло се среќаваат:

ОКТОМВРИ (САБОТА)

13.00: ТФТ – МКК Куманово16.00: Шкупи – МЗТ Скопје Аеродром19.00: Работнички – Феникс 2010

ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА)

15.00: Вардар – Гостивар18.00: Тиквеш Голден Игл – Пелистер19.00: Чаир 2030 – Кожув

Извор