Денот на шегата се слави во различни земји во светот, на 1 април секоја година.
Oвој ден не е државен празник, но стекнал широка популарност и се празнува на начин што бројни луѓе се шегуваат и им раскажуваат забавни приказни на своите пријатели, семејство, наставници, соседи и колеги.
Постојат различни верзии за потеклото на овој ден.
Една од верзиите за почетокот на традицијата е поврзана со Франција, во времето на Луј 14. и промената на Јулијанскиот календар со Грегоријанскиот.
Кралот издал закон, со кој се воведува датумот 1 април како почеток на календарската година, на местото на 1 јануари.
Француските поданици се спротиставиле на оваа идеја и законот не стапил во сила, но следната година биле испратени новогодишни картички на 1 април во знак на исмејување – нешто што останало да се раскажува низ генерации. Во следните години Французите продолжиле да измислуваат разни шеги кои се правеле во овој ден.
Според втората верзија за историјата на празникот на шегата, овој ден се поврзува со римскиот празник во чест на воскресението на богот Атис. Римјаните го нарекувале празник на радоста и на овој ден луѓето имале целосна слобода да зборуваат и да прават што сакаат.