Денеска е светскиот ден на насмевката

Традиционално на првиот  петок во октомври, во светот се одбележува Светскиот ден на насмевката. Негов основач е авторот на Смајли – насмеаниот жолт симбол,  Харви Бел. Смајлито е создадено во 1963 година во рамките на рекламна кампања, но  денес е еден од најпопуларните знаци, кои интензивно се употребуваат во светот на интернетот. Денешниот ден е посветен на добротото расположение и добрите дела. Неговото мото, измислено од Бел, е  „Направи добро. Помогни му  на некого да се насмее”. Празникот се одбележува за првпат во американскиот град Ворчестер на 1 октомври 1999 година илјадници кога  студенти испраќаа картички со насмеаното  лице во болници.

Насмевнете се 🙂

- Реклама -