Светскиот ден на хамбургерот се слави секоја година на 28-ми мај. Од каде потекнува? Нашироко познат е фактот дека ова е омилената храна на Американците. Вистината е дека името потекнува од Хамбург, град во северна Германија. Германците, кои емигрирале во САД, го мелеле месото, за да го направат помеко. Долго време ова јадење се нарекувало „хамбурско месо” и дури подоцна било сменето во “хамбургер”.
Од своето прво појавување во почетокот на 1880 година и до денес, тие се послужени и подготвуваат по безброј начини. Плескавицата се приспособува брзо на секое место во светот.
Рекордни факти:
Во просек, Американците јадат по три хамбургери неделно и околу 14 милијарди хамбургери годишно. Како квантитет, тоа е доволно за да се обиколи Земјата 32 пати.
Најголемата плескавица во светот е приготвена и изедена во 1982 година од околу 10 илјади луѓе.
Најскапата плескавица чини 10 000 долари и е подготвена за годишнината на USocial.net. Парите од нејзината продажба биле дадени за добротворни цели. Во состојките имало специјален вид на говедско, тартуфи и била прекриена со 24 – каратно злато.