Денеска е светски ден на бакнувањето

Бакнувајте се и сакајте се – посветете го денешниот ден на тоа искуство.

По тој повод, да видиме зошто бакнувањето е здраво…

Бакнежите се најприродниот начин на изразување љубов и истовремено се лековити. Еве неколку причини зошто бакнувањето е добро за физичкото и менталното здравје.

Го подобрува имунитетот
Често, бакнувањето е еден од начините да го зајакнете имунитетот.

Согорува калории
Една минута бакнување согорува од 2 до 6 калории. Доколку изедете чоколадо или се напиете една чаша вино, ќе мора да се бакнувате точно 1 час. Можеби 1 час е навистина долго но барем ќе уживате.

Ги зајакнува мускулите на лицето
Итражувањата покажале дека при бакнување користиме околу 30 различни мускули и при тоа ги вежбаме истите. Бакнувањето ја затегнува и кожата на лицето, па така помага против прерано стареење на кожата.

Бакнежите опуштаат
При бакнување се ослободуваат оксиданси, хормони на задоволство, нежност и приврзаност. Исто така го потикнуваат лачењето на ендорфинот, хормонот кој е одговорен за приврзување кон работите, кој пак е многу сличен по составот со морфиумот. Тоа пак го објаснува моментот зошто кога сме заљубени се чуствуваме како под влијание на дрога.

Страствените бакнежи помагаат при оралното здравје
Страствените бакнежи потикнуваат зголемено лачење на плунка, што помага на забите и непцето да бидат здрави. Исто така зголеменото присуство на плунка ги чисти остатоците од храната и го стимулира имунолосхкиот систем.

- Реклама -