Денеска е Св. апостол Филип. Среќен именден Филип!

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 октомври.

apostol

Свети Апостол Филип е еден од дванаесетте апостоли на Исус Христос.

Роден е во Витсаида, Галилеја Галилејското Езеро. Тој проповедаше во разни делови од Азија и во Грција.

По воскреснувањето на Исус, Филип Христовото учење го проповедал во Азија, Грција, Етиопија, Арабија и на други места. Во фригискиот град Ерополе со светиот апостол Вартоломеј многу пагани придобиле за Христовата вера. Затоа паганските жреци почнале да ги прогонуваат Тие се пожалиле кај градоначалникот на Ерополе кој наредил да бидат распнати. Свети Филип бил распнат со главата надолу но тогаш се случил голем земјотрес од кој загинале егзекуторите и многу друг народ. Кога помислиле дека земјотресот е поради распнувањето на апостолот и кога пошле да го симнат од крстот виделе дека тој веќе е мртов.

- Реклама -