23 мај, традиционално се смета за Национален ден на Власите, кој според Законот за празници од 2007 година, се смета за неработен ден на припадниците од влашката заедница во земјава.Овој ден се празнува поради тоа што во 1905 година, со посебен документ (Ираде) на султанот Абдул Хамид Втори, влашкиот народ бил признат како посебен народ со право на богослужба на влашки јазик, право на образование на мајчин јазик во нивните училишта, со право да избираат муфтии,односно ги добиле правата кои ги имале народите во Османлиската империја.