Со традиционалните песни за Коледе најмладите веќе утрово почнаа да го најавуваат денот пред големиот Христијански празник – Православен Божиќ.
По обичај во најголем дел од местата ширум земјава вчера со најблиските соседи се играше околу топлото огниште ( кое симболично го осветлува патот кон Христовото раѓање), а веќе денеска е традиционалната вечера со фамилијата.
Бадник или Коледе, според христијанската традиција, се нарекува денот пред роденденот на Исус Христос-Божиќ. Според Јулијанскиот календар по кој се раководи Македонската православна црква, Бадник паѓа на 6 јануари, а Божиќ на 7 јануари секоја година.
Истовремено, со овој ден завршуваат и Божиќните пости.
Традиционално, Бадник се прославува кај сите православни христијани, но црквите кои го користат Грегоријанскиот календар го прославуваат на 24. декември ( Католиците, протестантите и други).
Поради верувањата дека Бадник е обичај на Денот на сонцето, кој подоцна го превземала Христијанската црква има објаснување. Имено, Свети Августин рекол: „Ние го празнуваме овој ден, не како неверниците поради Сонцето, туку поради оној што го создал Сонцето“.
Нека ви е честит денот!
Искрено ваши 365.