Времето денеска (понеделник) ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди и со локална појава на пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (поголема количина за кратко време), силен ветер и изолирана појава на град. Температурата во гостиварскиот регион ќе се движи во интервал од 13 до 28 степени.
Времето во наредните денови од новата работна седмица ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер, во вторник од западен, а потоа од северен правец. Во попладневните часови ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе се искачи до 30 степени.