Во недела, на 21 април, ќе се организира настан за одбележување на „Денот на планетата Земја“. Со ова се вклучуваме во глобалното одбележување за подигнување на гласот за заштита на планетата Земја, заедно со повеќе од милијарда луѓе и организации низ целиот свет.Целта на овој настан е подигнување на свеста кај луѓето за чување на планетата Зeмја, заштита на животната средина и почиста околина.
Истиот ќе изобилува со богати содржини кои најмногу ќе бидат наменети за деца и младинци. Од страна на стручни лица професори од основни училишта ќе се зборува на еко тема “Чување и заштита на животната средина”, а учениците својата порака за зачувување на планетата Земја ќе ја испратат преку ЕКО-тетарска претстава каде ќе земат учество три основни училишта од Скопје.
Во рамки на самиот настан во соработка со организацијата “4х4х4 Балкански Мостови“ ќе се реализира и аукција на слики од “Ретки билки и зверки“ слики на платно исцртани од рацете на децата Амбасадори на животната средина од средните училишта ширум Македонија.
Средствата ќе бидат наменети за Едукативниот центар за заштита на децата на улица во Шуто Оризари.
Настанот ќе се случува во Зоолошката градина во Скопје, со почеток во 12 часот.