И покрај ладното време, секоја година на 10 јануари жителите на поголемите градови ги разголуваат своите долни екстремитети за „Денот без пантолони“.
И покрај ладното време, секоја година на 10 јануари жителите на поголемите градови ги разголуваат своите долни екстремитети за „Денот без пантолони“.
Овој настан започна во Њујорк во 2002, а сега веќе се организира во 43 градови и 16 земји.
Мисијата на оваа необична група е да предизвикува „сцени на хаос и радост на јавни места“.
Учесниците се среќаваат на одредени станици целосно облечени, но пред да влезат во возот ги соблекуваат пантолоните.
За многумина овој настан нема логика, меѓутоа им се допаѓа коа ќе изнудат насмевка кај луѓето. За некои, ова е акт на слобода на изразувањето.
За жал, ние немаме метро, па ќе мора да се задоволиме со видео од Сан Франциско.
{youtube}wo8HVIm1EhI{/youtube}