Синоќа едно лице, од засега непознат мотив, ги дeмoлиpaло инсталациите на фонтаните, цевките и другите елементи поставени на покривот на Градскиот трговски центар (ГТЦ) од кои треба да никне новиот, зелен покрив на центарот.
Лицето, притоа, било снимено од камерите на ГТЦ, а скопскиот градоначалник Петре Шилегов дел од тие снимки објави на својот Фејсбук профил.
„Зелениот кров на ГТЦ… И cтopителот!!! Нема да застанеме заради вакви ‘луѓе’. Скопје ќе го биде. Сакал некој или не!!!“, порача Шилегов.
Лицето, односно демолирањето, е пријавено и во МВР, додаваат од Град Скопје.