„Демнејќи го Годо“ – прва копродукција помеѓу Турскиот театар и Театар Комедија

По една деценија работа под ист покрив, најстариот,Турскиот театар и најмладиот  Театар Комедија ја создадоа и првата нивна копродукција.

Со премиерата  на „Демнејќи го Годо“, на добро познатиот и ценет словенечки автор, Драго Јанчар, овие два ансамбли ги потврдија своите основи на одлична соработка која се темели на колегијалност и разбирање, на негување на исти вредности на театарската сцена која значи живот за секој актер и на мултикултурализмот, една од највредните одлики на нашето општество.

Покрај досегашната партнерска усогласеност во однос на репертоарот, во оваа продукција тие ги соединуваат и креативните капацитети. Со тоа двата ансамбли го кренаа нивото на своите можности, и понудија нов модел за подигнување на квалитетот на театарските изведби во популарниот објект на театарот наречен Комедија.

- Реклама -