Дали ги фрлате најдобрите делови од храната од чиста навика, целосно несвесни за нивните здраствени придобивки?
Листовите, стеблата или кората од некои растенија понекогаш се најздравите делови.
Кората од кромидот/лукот
Кората на кромидот и лукот се богати со кверцентин, растителен флавоноид со силни антиоксидансни, антихистамински и анти-воспалителни ефекти. Додајте ги додека гответе чорба или супа- само отсранете ги пред сервирање.
Кората од диња
Кората од дињата е богата со цитрулин, амино киселина која ја поттикнува циркулацијата и ги шири крвните садови. Ставете ја во блендер со останатата диња и уживајте во здравиот пијалок.
Листовите од брокулата
Листовите од брокулата содржат каротеноиди- моќен растителен пигмент кој телото го претвора во витамин А и помага во спречување на појава на рак. Само гответе ги заедно со брокулата.
Листовите од целер
Листовите имаат пет пати повеќе калциум и магнезиум него стеблата. Исто така, содржи витамин Ц и фенолити- моќни антиоксиданси кои помагаат во борбата против ракот, срцевите болести и процесот на стареење. Едноставно користете ги како стебленцата од целер и додајте ги во супи, салати или сосови.
Стеблата од блитва
Стеблата се еднакво добри за нас како и листовите, бидејќи се преполни со антиоксиданси. Гответе ги на ист начин како и аспарагусот- на пареа или варени, во зависност од тоа како ги сакате.
Кората од портокал
Портокалот е преполн со витамин Ц и е природно средство за зајакнување на имунитетот, но и кората сама по себе содржи многу влакна и витамини. Затоа додајте ја кога миксирате фрапе.
Стеблата на брокулата/карфиолот
Веројатно како и сите други ја правите истата грешка и ги фрлате стеблата. Но, стеблата имаат вкусен сладникав вкус и всушност имаат повеќе влакна од самата глава. Потребно е повеќе време за да се зготват, па варете ги пред остатокот од зеленчукот.
Кората од киви
Влакнестата кора на киви содржи три пати повеќе антиоксиданси од внатрешноста, и има антиканцерогени и антиалергисти својства. Додајте ја кората со кивата во соковник и направете здрав освежителен пијалок.