Некои машки речни делфини се китат со речната трева како мажи што носат цвет во реверот, објави списанието “New Scientist”. Ваквото однесување на делфините би можело да биде редок пример на своевидна култура меѓу животните, споредлива со човечката култура, сметаат научниците. Тони Мартин од “Бritish Аntarctic Сurvey” и Вера де Силва од бразилскиот Институт за истражување на Амазонија, три години набљудувале повеќе од 6.000 речни делфини.
Во 221 од тие групи барем еден припадник носел китка речна трева. Досега таквото однесување се толкувало како игра. За разлика од поранешните претпоставки, тоа однесување не се јавува кај женките туку главно кај возрасните машки делфини.
Ова упатува на заклучокот дека станува збор за навика што е дел од сексуалното однесување, велат Мартин и Да Силва. Тврдењето е поддржано и од откритието дека судирите меѓу возрасните машки делфини во групите со “накитените” делфини се 40 пати почести отколку во групите со ” ненакитените” животни, тврдат истражувачите.
Покрај тоа првите резултати од генетските тестови на речните делфини упатуваат на тоа дека “накитените” делфини имаат поголем број наследници од “ненакитените” припадници на видот.