Таа пееше за видео-игри и за сини фармерки, создаде своја модна колекција, а во најновиот спот го долувува стилот на првата дама на САД Џеки О, за време на претседателскиот мандат на Кенеди.
Нумерата е насловена National Anthem, а автор и текстописец на песната е самата пејачка. Таа се појавува во улогата на Џеки О, а раперот A$AP Rocky го толкува претстедателот Џон Кенеди.
На почетокот на видео-записот, Дел Реј се појавува како Мерилин Монро, пеејќи му ја Happy Birthday Mr. President на A$AP Rocky, како што тоа го стори славната почината актерка со Кенеди.
Режисерот на спотот Ентони Мендлер објаснил дека Лана, всушност, сакала да го претстави љубовниот триаголник меѓу двојката Кенеди и Монро како ситуација која е блиска до нашето секојдневие. Исто како што кога се сеќаваме на Шекспировата приказна за Ромео и Јулија помислуваме на забранета љубов, така приватниот живот на семејството Кенеди асоцира на релација која иако однадвор изгледа сјајно, одвнатре не функционира.
{youtube}7daxzs-EK2A{/youtube}