Во одредени штипски пекари, откако Владата ја замрзна цената, цената на лебот е значително намалена, објави МИА.
Според Николче Малинов, сопственик на пекарата „Штипски сокак“, одредени пекари ја намалиле цената на лебот и за пет денари, а рафтовите на пекарите не се празни.
„Ние го намаливме лебот и од денеска се продава по цена од 30 денари и леб ќе има. Ние не се приклучуваме кон заканите. Леб ќе има“, вели Малинов за МИА.
Леб и пецива има и во останатите пекари во Штип, како и во супермаркетите, пренесува агенцијата и потсетува дека одлуката на Владата ќе важи до крајот на мај.