Старлетата Сораја Вучелиќ не престанува да споделува провокативни фотографии на социјалните мрежи, а во последно време сè почесто инсистира на „страничното деколте“ и визуелниот идентитет кој не е ни приближно сличен на оној на почетокот на нејзината „кариера“.
Сораја позираше на седиштето на луксузен автомобил а нејзиното „странично“ деколте и долгите витки нозе се првите работи кои ќе ви паднат во око.
Интересно е дека старлетата го промени својот визуелен идентитет до непрепознатливост во споредба со првиот пат кога се претстави пред јавноста во релното шоу „Големиот брат“.
Бројните естетски корекции, фотошоп во неограничени количини и филтери на фотографиите ја прават Сораја секој пат да изгледа непрепознатливо.