Секое лето за време на 1980-тите, 90-тите, и раните 2000-ти, туристичкиот ресорт Римини стануваше најдекадентната италијанска локација во светот. Немаше евро и немаше банкарски кризи. Силвио Берлускони и неговите ТВ хостеси слободно шетаа по комерцијалните ТВ станици. Младите клабери го полнеа популарниот Cocorico. А погребот на Федерико Фелини беше национален настан.
Во 1983, се отвори првиот ресторан од италијанскиот ланец за брза храна Italy&Italy во градот. Брзо прерасна во симбол за културните промени што Италија ги претрпе за релативно кратко време. Успехот на ланецот не помина незабележан – некоја година подоцна, Мекдоналдс го купи Italy&Italy и сите ресторани ги претвори во „Мајки Ди“ (сленг за рестораните на Мекдоналдс).
Фоторепортерот Пасквале Бове помина години и години документирајќи ја целата лудорија што се случуваше во 1980-тите и раните 2000-ти за време на летата во Римини. Еден друг фотограф, Лука Сантезе, ја „прочешла“ неговата колекција од 200.000 фотографии, и направи мала селекција за својата книга (издадена 2016-та), насловена соодветно Italy&Italy. Се работи за еуфорична колекција со фотографии од градски панаѓури, расположени ТВ старлети (од кои подоцна некои станаа политичари), и полуголи луѓе кои едноставно сакаа да го искористат летото.
via Vice Италија