Манекенката тврди дека веќе одолева на сите згодни мажи и дека во следните шест месеци ќе издржи без секс.
Српската водителка на емисијата „Bulevar delikates“ на телевизијата В92, Дејана Живковиќ признава дека се најде во тешка ситуација кога пред половина година нејзиниот дечко Јован Вукотиќ бил уапсен и осуден на едногодишна затворска казна поради обид за убиство.
Иако со него беше во врска само неколку месеци, многу се заљубила во привлечниот Црногорец и изненадното одвојување од него тешко го поднесе. Згодната манекенка драстично го променила својот живот поради љубовта кон Јован и сериозноста на нивната врска. Иако редовно ги посетувала ноќните клубови и била на мета на многу мажи, водителката одлучила да се чува додека нејзиниот дечко не излезе од затвор! Таа вели дека ќе му биде лојална до крај.
– Во нашиот однос ништо не е променето, ние сме заљубени како на почетокот на врската. Моментално сум во фаза кога едноставно не ми се излегува- вели Дејана за српскиот „Blic“.
– Мојот Јован е добар човек, а тоа што му се случи не сакам да коментирам. Само сакам да кажам дека на секој може да му се случи да се најде во затвор- вели Дејана.