Дејан Савичевич проговорил за местење на Купот на Победници

Фудбалската легенда Дејан Савичевич открил во разговорот со францускиот портал So Foot како играчите на Црвена Ѕвезда добиле понуда од 500.000 германски марки да го продадат финалниот натпревар против Олимпик Марсеј во далечната 1991 година.

Бившиот фудбалер на Црвена Ѕвезда, после повеќе од дваесет години, открива што се случувало во хотелот, пред настапот во финалето на Купот на Победници кое се играше во Бари.
untitledxc6

Савичевич тврди дека тој, Роберт Просинечки и Миодраг Белодедич примиле понуда од некои агенти, кои се врткале во хотелот.

“Неколку играчи, вклучувајќи ме и мене, добија понуда од пола милион германски марки за да го изгубиме финалето. Сите ја одбивме понудата и докажавме дека тоа не е во нашиот карактер” – изјавил Савичевич, денес претседател на црногорскиот фудбалски сојуз.

Ѕвезда тогаш победи во финалето со 5:3 на пенали. но најдобар играч на натпреварот бил прогласен напаѓачот на Марсеј, Жан-Пјер Папен, што сеуште му смета на Савичевич.

“Доделувањето на Златната топка на Папен беше срамота. Наградата требаше да ја освои Панчев, Просинечки, Белодедич или јас. А што освои Папен? Само првенството во Франција.”
[youtube]http://youtu.be/W3tKTIGkcvI[/youtube]

Инаку, тогашниот претседател на Марсеј бил Бернард Тапие, кој за неколку години освои се што можеше, но заврши неславно после аферата со местење на натпревари. Фудбалскиот клуб Марсеј беше префрлен во втората лига и му беше одземена титулата од 1992/93 година и правото за настап во интернационалните натпреварувања.

- Реклама -