Мигрант од Перу со впечатливо име и презиме, бил уапсен во Италија од страна на полицијата поради брзо возење во пијана состојба и му била одредена казна од девет месечен домашен притвор.
Италијанските власти го уапсиле Адолф Хитлер (46) во Фиренца, пренесува италијанската “La stampa”.
Иако сега стана актуелна веста, весникот пишува дека Хитлер го направил прекршокот во јули пред две години.
Хитлер од Перу има дедо кој се вика како фашистичкиот диктатор – Бенито Мусолини, но и брат кој се вика Ленин.