Весела студија на инженери од Универзитетот на Северна Каролина покажа дека дедо Мраз мора да е зачудувачки физичар и пронаоѓач. Професорите и нивните студентите ги проучуваа аеродинамичките и термодинамички предизвици за напорот да раздадеш подароци на целиот свет со помош само на една санка и … сфатија дека најдобриот старец ја прошири ајнштановата теорија на релативноста.
Според проф. Лари Силверберг, Дедо Мраз би требало да искористи од т.н. “облаци на релативноста” кои го растегнуваат времето и го искривуваат просторот.
„Облакот на релативноста е нешто многу интересно – пукнатини во времето, кои, во рок од неколку земни минути отвораат цели месеци за раздавање на подароци”, вели тој.
Санките на Дедо Мраз пак би требало да го имаат современиот аеродинамичен дизајн и да бидат направени од полирани легури на титаниум кои ја менуваат формата за време на летот, но да им овозможи стабилно слетување на покрив. Ласерските сензори би помогнале за изборот на најбрз пат до следната дестинација. Кожената постава со пори и специјална наноструктура пак ќе им овозможи на санките да се намали надземниот удар до 90%.
Силверберг признава дека сето ова не му е сосема јасно од гледна точка на правење. Но, нели станува збор за волшебништво? „Дедо Мраз е гениј! Весел, но многу голем научник”, смета инженерот.
А како ги прислушкува Дедо Мраз децата во текот на годината? Теоријата на Американците е дека тој располага со километар и пол широка антена која преку електромагнетниаиндукција ги прима мозочните бранови на децата во светот. Математички алгоритми го организираат однесувањето и желбите, а микропроцесори ги проследуваат податоците на систем за водич, монтиран во санки.
Многу е веројатно Дедо Мраз да проверува профили на Фејсбук и Твитер, смета уште Силверберг.
Но, ќе ги собере ли сите подароци во една санка? Малку веројатно. Можеби магичниот старец ги создава на место во секој дом со помош на процесор со завртена термодинамика – наномашина за играчки, маскирана како вреќа. Јаглеродот кој изобилува во оџаците, би бил совршен материјал.
Костимот на дедото пак најверојатно е од огноотпорен полимер, сметаат учениците од Северна Каролина.