Дебитанскиот филм на Гоце Цветановски ја продолжува успешната фестивалска кариера

После дваесетина селекции и 5 награди во 2023, политичкиот трилер кој ја третира темата на трговија со жени годинава својата прва проекција ќе ја има во Венецуела, на 9. издание на FICMARC – Caribbean Sea International Film Festival (https://ficmarc7.wixsite.com/festivalmarcaribe) кој ќе се одржи од 19 до 21 јануари.

Ова е трет пат филмот да игра во Латинска Америка, каде што лани доби награда за најдобар филм на филмските фестивали во Перу и Панама. Во главните улоги играат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ и Исмаил Касуми, а продуценти се Богдан Јончевски, Дритон Рамадани и Гоце Цветановски. Бизнисот на Задоволството е поддржан од Агенцијата за Филм, а македонската публика напролет конечно ќе може да го види и во кино салите кај нас.

- Реклама -