Истражувачи од Trinity College Dublin откриле дека штом добиете малку повеќе тежина, големи се шансите дека вашата тежина само ќе расте.
Тие откриле дека телото има T-клетки (iNKT) кои помагаат во борбата преку прекумерната тежина и можат да спречат метаболичен синдром и во некои случаи дијабетес и срцеви проблеми. Но, во нивниот наод тие додаваат и дека луѓето со прекумерна тежина имаат пониски нивоа на овој имунитет – што значи дека вашето тело ќе ве штити од дополнителните килограми, но што надминете одреден праг, телото се откажува од борбата.
Но, борбата не е неповратна. Тимот од Trinity College забележал враќање на iNKT клетките кај индивидуи кои направиле гастричен бајпас. Значи, сепак има начин да се поттикнат овие борци. Друга можна стратегија е alpha-galactosylceramide (aGC), липид кои исто така може да ги поттикне овие клетки кои се борат против дополнителната тежина.
Но овие методи се ефективни само со правилна исхрана и вежби. Дополнителен позитивен елемент е што истите клетки можат да бидат искористени за борба против дијабетес и други болести кои настануваат како последица на зголемената тежина. [Scientists discover immune cells could protect against obesity]