Давор Кешкец и неговата уметност на контејнерите за облека

Младиот уметник Давор Кешкец повторно го разубавува градот. Инспириран од “Mods & Rockers”. Keep Rockin, Кешкец исцрта уште еден од контејнерите за донирање за облека.

Неговите делата секогаш привлекуваат внимание, без огледа дали се работи за мурали, графити и мали или големи слики. Експресијата му е погеометриска и колоритна. Муралите на Давор Кешкец се водени од идејата дека илјадници ќе ги гледаат секојдневно. Тоа е уметност што го привлекува вниманието и ја пренесува својата порака веднаш, дури и кога сте во движење или кога самиот мурал е во движење.

- Реклама -