Македонецот Давид Темелков докажа дека умее да се справи со секаква задача, па така оваа седмица посветена на љубовта на X Фактор, запеа песна од легендарниот Тоше Проески.
Давид ја испеа песната „Једина“, и доби одлични коментари од жири комисијата.
Наспроти пофалбите во врска со пеењето, неколку епизоди Давид е критикуван дека делува премногу скромно и смирено, што не е во негов прилог, со оглед на тоа што сака да стане ѕвезда.
Што мислите вие за тоа. Дали скромноста е доблест или маана?