Претседателот Стево Пендаровски на церемонија во неговиот Кабинет вчера го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година, кое се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава.
Во катероријата „Најдобар/а млад/а уметник/чка“ се избрани Дарја Ризова и Чендрим Ријани, кои со своите творечки достигнувања во текот на 2022 година оствариле значаен придонес во афирмацијата на македонското театарско творештво, како во земјата така и во странство.
Во своето обраќање на церемонијата претседателот Пендаровски истакнал дека носителите на признанието се позитивен пример за нивните врсници, но и за сегашните и идните генерации.Стево Пендаровски
-Тие треба да бидат и да останат нашиот модел според кој новите генерации ќе се однесуваат и создаваат вредности. Нивниот пример на посветеност и вложување на своето време и својот труд во себеси, како единствен пат до успехот, треба да биде пример и за повозрасните наши граѓани. Реков и да повторам, неопходно да ги поддржиме младите и соодветно да ги вреднуваме и наградиме нивните постигнувања. Во овој контекст, верувам дека признанието „Успешни млади“ дава свој придонес и ја исполнува својата мисија и цел, потенцирал Пендаровски.
Во свој стаус на фејсбук Дарја упати благодарност до претседателот на Република Македонија, а наградата му ја посвети на нејзиниот дедо Благоја Силјаноски Ѓурак.
Статусот го споделуваме во целост:
,,Најдобар млад уметник” за 2022 година. Ви благодарам Претседателе Stevo Pendarovski Оваа награда ја посветувам на човекот кој уште во раното мое детство ги всади во мене моралните и етичките вредности.Човекот кој ме научи чекањето секогаш да го заменам со храброст да дејствувам и наместо пасивен посматрач да верувам во идеалот за создавање на поубав и похуман свет. За мојот дедо Благоја Силјаноски Ѓурак.