Само неколку дена му беа потребни на Мајк Д’Антони за да остави свој печат врз играта на ЛА Лејкерс. Новиот стратег веднаш го имплементираше својот препознатлив стил на офанзивна кошарка, благодарение на кој што „Езерџиите“ синоќа лесно и убедливо славеа над Феникс со 114:102.
Коби Брајант беше прв стрелец на средбата со 31 поен, Мета Ворлд Пис погоди пет тројки за вкупно 22 поени, додека Двајт Хауард забележа дабл-дабл од 18 поени и 12 скокови, доволно за четвртиот триумф на лејкерси оваа сезона.
Во НБА-лигата веќе нема непоразени екипи откако Мемфис Гризлис успеа да ја прекине фантастичната серија на Њујорк Никс, совладувајќи го овој состав со 105:95. Никси претходно направија подвиг со триумфот во Сан Антонио, но немаа сили да го повторат успехот и против Мемфис, тим кој што во изминатата недела ги совлада и двата лански финалисти, Мајами Хит и Оклахома Сити Тандер. Марк Гасол беше главна фигура на овој натпревар со 24 постигнати поени, четири повеќе од ек Рендолф.