Данскиот начин на воспитување на децата

Во Данска не е пожелно да  се истакнувате.тврдува многуте аргументи и факти од симпатичната и поучна книга “Данско воспитување на децата“ која зборува за тоа што најсреќните луѓе на светот знаат за израснување на способни деца со самодоверба.

Еве само неколку извадоци и примери:

–Во Данска родителите нудат помош на децата само кога им е неопходно

– претерување во надзорот над детскиот живот не е дозволено.

– Данците не ги запишуваат своите деца на 10 воншколски активности за децата да им бидат најдобри во спорт, музика, јазици, танцување, карате, глума. НА Данците им е важно нивните деца да си играат.

–Данците не им влеваат знаење во малите глави на децата уште од првиот ден. Не им е важно детето уште на 5 години да чита и пишува.

– во основното училиште редовната настава им завршува најдоцна до 2 попладне а по тоа децата можат да си го продолжат незадолжителниот престој таму.

–не е необично што  “играчката на векот” – лего коцките настанала во Данска. Легото е вечно.

– најдобрата компанија за производство на детски игралишта е од Данска-Компан.

– Данците не осмислуваат игри за своите деца. Ги пуштаат сами да си играат и на тој начин им ја поттикнуваат креативноста.

– Данците не ги штитат децата од страв, сукоби…На тој начин ги учат да се запознаат со своите  чувства па дури и ако се негативни.

– Данците не претеруваат во фалење на своите деца. – тоа ги учи на понизност уште од детството.

– Данците ги учат своите деца дека негативните настани во животот да им придаваат помалку значење, а повеќе да се насочат кон позитивното.

– Данците не им наметнуваат мислења на своите деца.

– Данците ги учат децата да го бараат доброто во луѓето.

– Емпатијата и сочувството е задолжително уште од градинката.Емпатијата не елуксуз туку потреба.

–Данците не се претерано заштитнички родители и не ги завршуваат работите на децата.

– Данците од мали ги учат децата дека тимската работа и помагањето на другите е најважната вештина во животот..

– во Данска тепањето деца е забрането со закон.

–Данците ги учат децата дека не е важно што мислат другите за нив.

–Данците ги почитуваат семејните и пријателските собири, заедничките оброци и дружења во природа или покрај камин

- Реклама -