Даниел докажа уште еднаш дека може да пее се.
И навистина успеа да не изненади со оваа изведба на „Зајди зајди“.
Во негов стил, моќно, онака како само тој што умее.
Бидејќи „зајди зајди“ ја имаше пеено и Тоше, која е можеби една од најдобрите негови изведби воопшто, Даниел не беше поштеден од споредби.
Меѓутоа тој изјави дека ваквите споредби се излишни и сосема со право.
„Луѓето изгледа забораваат колку Тоше беше генијален. Тој можеше да направи се што сакаше. Тоа што победив во Х Фактор не ми дава за право дури ни да кажам дека сум на добар пат да бидам како него. Многу години ќе минат за да можам да кажам дека можеби понекогаш ќе наликувам на него. Споредувањето со Тоше ми годи, но добро знам дека не е реално! – вели, скромен како и секогаш, Даниел Кајмакоски.