Даниел Кајмакоски објави нова песна и видео

Даниел Кајмакоски продолжува да се бори за освојување на музичкиот пазар во соседството.

Имено, тој денеска на Youtube ја промовираше својата нова песна  „Не можам против своето срце“ („Ne mogu protiv srca svog”), која ќе биде носечка музичка тема на српскиот филм „Ќе бидеме светски прваци“ (“Bićemo prvaci sveta”).

Како автор се појавува еден музичар од жири комисијата на X factor, Кики Лесендриќ, кој е воедно автор на целата музика од филмот.

Песната е во духот на 50-тите години, а видо спотот е снимен на Калемегдан, во главниот град на Србија.

Премиерата е најавена за следната година.

- Реклама -