Американската дискографска куќа „Сони мјузик“ ќе го изработи првиот албум на Даниел Кајмакоски, што ќе се појави а пазарот во јуни, пишува „Вест“.Даниел веќе се врати во Белград, каде што го подготвува музичкиот материјал, на кој што ќе работат балкански, но и странски автори.
Тој неколку пати изјави дека нема да ги изневери очекувањата на неговата публика која што безрезервно го поддржува на патот кон кариерата.