Сеедно е дали славата си го направи своето или навистина има добра причина за ова…
Новинарите се бесни поради тоа што Даниел Кајмакоски не се појави на најавената пре-конференција по повод концертот на X factor во Скопје, каде и тој ќе треба да настапи.Сепак, се појавија Кики Лесандриќ и Тамара Милановиќ кои споделија детали за престојниот концерт на 14 март во арената Борис Трајковски.
Покрај неговата група Пилоти, како што нагласи Кики, ќе се обиде во Скопје да ги донесе сите учесници на шоуто, иако дотогаш повеќето ќе испаднат и ќе останат најдобрите тројца.
Во однос на Кајмакоски се зборува дека вчера после Бубамара, отишол во дискотека и заглавил до доцните часови.
„Сите се сместени во ист хотел, а утрово Даниел не беше таму. Го баравме, но не можевме да го добиеме“, појасни Кристијан кој додаде дека наскоро ќе дадат соодветно објаснување за неговото отсуство од прес конфернецијата.
За да ја извади ситуацијата Кики изјави дека Даниел веќе е рок ѕвезда, па сигурно заглавил со некоја девојка.
Како и да е, ова не му требаше, особено не во Македонија.