Даниел, Доктори и Илма со светски настап на X factor

Постојано го фалиме Даниел, но со целото право на светот ( Не дека е наш).

Дечкото со секоја следна емисија е се подобар и подобар, а тоа најдобро го знае пуликата и секогаш го коментира по социјалните мрежи.

Досега не се нашол на двобој, ниту добил лош коментар. Вчера Даниел ја пееше песната „Wake me up“. Се надеваме дека никогаш нема да се разбуди од сонот кој во моментов го живее.

Бидејќи вчера беше вечер во која има што да се пофали, фер е да се споменат и светските настапи на Илма и на групата Доктори. Дали се работи за тоа што натпреварувачите конечно го наоѓаат својот стил или секое искуство ги прави подобри,  не е важно. Важно е што веќе имаме чувство дека следиме X factor од светски калибар.

Ова е нашата топ три листа од вчера. Се надеваме дека ќе се согласите 😀

До следната гала

Вашата Трачарка

- Реклама -