Дамата во црвено

Денешната  стрит стил инспирација сигурно ќе изненади повеќето од вас, бидејќи не е „типичен” дневен изглед, но за сметка на тоа е уникатен, женствен  и не можевме да не го споделиме. Облеката од тул е истовремено екстравагантна, но и женствено решение за вашата гардероба. Би имале ли храброст да облечете црвен  фустан од тул  за на дневно кафе?

Најновата визија на модната блогерка Cara McLeay ни остави  голем впечаток, бидејќи е доста разиграна, елегантна и храбра.

ob_be125b_bubblegum 20714_31

Таа носи чанта  во комбинација  со црна кожна јакна на Gypsy and the Spell Collective и одлични црвени сандали на висока потпетица и со тенки ленти околу глуждот на Lulu * s. Чантата е на Proenza Schouler и ја дополнува целокупната рок-шик визија на Cara.

20714_30 20714_7

Нејзината руса коса како контраст со црвеното и црното ги баласира совршено невиниот изглед и бунтовноста. Со задоволство би ја оцениле нејзината храброст и визија со 10 од 10 можни поени, колку и давате вие?

20714_3

 

- Реклама -