Семето на јаболкото содржи цијанид. Но, не е страшно колку што звучи. Иако е потполно возможно да изедете доволно за да умрете, малите количини се минијатурна непријатност за телото, со која лесно се справува.
Дури и да голтнете неколку семки, ситуацијата не е сериозна. Отровот е во внатрешноста на „школката“ на семката, која веројатно ќе ја исфрлите од организмот во нејзината првобитна форма (цела). Сепак, џвакањето на семката ја ослободува цијаногенската киселина, а во доволна количина може да предизвика сериозна токсична реакција.
Симптомите на труење со семки од јаболка се следните:
- главоболка
- вртоглавица
- тешкотија и непријатност
- повраќање
- потешкотии во дишењето
- зголемен крвен притисок
- забрзана работа на срцето
- конвулзии и грчење на мускулите
- откажување на бубрезите
- кома
Истото важи и за семките на праските, крушите, сливите и кајсиите. Ако случајно голтнете неколку од нив, безбедни сте. Ако ги џвакате, не баш.