Дали во вас се крие генијалец? Загатка со три прекинувачи

„Штом дознаваат што работам, луѓето веднаш ме бараат да им зададам некоја математичка загатка. Веројатно тоа доаѓа заедно со професијата“, вели математичарот, писател, филозф и колумнист Алекс Белос.

Тој ја зададе оваа популарна загатка со три прекинувачи.

Загатка:

Во приземјето има три прекинувачи, а ваша задача е да откриете кој од нив го пали светлото на спратот. Можете да ги палите и гаснете прекинувачите колку што сакате, но само еднаш можете да се качите горе и да проверите дали е запалено светлото. После тоа, не смеете повеќе да се враќате во приземје кај прекинувачите.

Не постои начин од приземјето да ја видите светлината на спратот. Кога би биле во игра два прекинувачи, загатката би била едноставна – едниот би го запалиле, другиот би го изгасиле, би се качиле и би виделе дали е запалено светлото. Но, со трет прекинувач тоа е невозможно.

Решението е под фотографијата…

Broken-Thinking-Callagy-Law

 

Решение:

Откако сијалицата работи таа се загрева. Значи, вкучете ги првиот и вториот прекинувач, третиот оставете го изгасен. После две минути, изгаснете го вториот прекинувач и качете се на спратот. Ако светлото гори – првиот прекинувач го регулира светлото. Ако е изгасено, тоа можат да бидат вториот или третиот. Но, ако е сијалицата топла, тогаш мора да се работи за вториот, а ако е студена мора да биде третиот.

Се сетивте ли?

- Реклама -