Дали во Coca-Cola има кокаин?

Иако компанијата одрекува било какво присуство на кокаин во своите продукти, сега или некогаш, историските докази упатуваат кон поинаков заклучок. Имено, до 1903-тата, Coca-Cоla-та содржела значајна доза на кокаин.

Coca-Colа за прв пат била креирана во 1986-ата, од фармацевтот Џон Пембертон. Својата инспирација ја добил од француски освежителен пијалок – кока вино, кој се добивал со мешање на листови од кока со вино од Бордо. За да ја избегне алкохолната регулација, Пембертон избрал да го меша листот од кока со шеќерен сируп, наместо со вино. Згора додал и cola-nut (плод на дрвото Кола), од каде и доаѓа втората половина од името на продуктот, но и кофеин, за дополнителен импакт.

coke drink

Додека за модерните времиња пијалоците со кокаин се речиси непознати, овие пијачки биле мошне чести во доцниот 19-ти век. Кокаинот бил легален во САД се до 1914-тата година, а дотогаш, оваа супстанца имала широка употреба дури и во медицински примени. За тониците, пилулите и кокаинот во прав се сметало дека се лек за многу болести, од главоболка и замор, до лошење, астма и импотенција.

Но, до 1903-та, општото мислење на масите се свртело против овој широко-употребуван наркотик, принудувајќи го тогашниот менаџер на Coca-Cola да ги отстрани сите траги на кокаин од составот на пијалокот. Сепак, кокаинот, во помали дози, останал во составот се до 1929-та, кога научниците конечно го усовршиле процесот на отстранување на сите психоактивни елементи од екстрактот на кока-листовите.

coke0

Иако модерниот рецепт на Coca-Cola е непроценливо вредна и строго чувана тајна, има доволно причини да се верува дека пијалокот сеуште го содржи истиот не-наркотичен екстракт од 1929-тата. Според New York Times, компанијата продолжила да увезува листови на кока од Перу и Боливија се до доцните 1980-ти.

- Реклама -