Дали ве возбудува сопственото тело?

Некои мастурбираат, другите се задоволни само со одразот во огледалото, а останатите најмногу уживаат во своето тело додека имаат секс со некој друг.

Автосексуалноста е поим за кој малку се зборува, а е честа појава кај многу самосвесни, суетни и нарцисоидни личности.Сепак, автоеротизмот не се смета за психичко пореметување, бидејќи влијае на сексуалниот живот само во форма на сопствената нарцисоидност и не подразбира никакви ментални или емотивни проблеми кај личноста.

„Кога се работи за еротика, никој не може повеќе да ме привлече од самиот себе и дефинитивно преферирам мастурбација.“, вели еден вљубеник во сопственото тело за Psychology Today.

Ваквиот начин на сексуално однесување, воопшто не е предзнак на осаменост, иако тоа е веројатно меѓу првите објаснувања што би ни паднале на памет во врска со оваа појава .

„И кога сум заљубена, мене ме привлекува сопственото тело. Со никого не можам да бидам толку длабоко емотивно поврзана, како со своето тело.“ , објаснува една автосексуална девојка.

Со оглед на тоа што е нормално да се сакаме самите себе, вистинските автосексуалци се сметаат за личности на кои им е доволно само да погледнат своја провокативна фотографија на Фејсбук или да се најдат во одразот на огледалото, за сексуално да се возбудат.

Научниците советуваат дека автосексуалноста не треба да се потиснува, бидејќи емотивно ја исполнува личноста, а може да е различна кај секоја индивидуа, манифестирајќи се преку единствено сексуално однесување.

Ако ништо друго, ова делумно ги објаснува мнозинството провокативни фотографии на социјалните мрежи.

- Реклама -