Дали оваа фотографија конечно ќе ја реши мистеријата стара 16 години?

Британскиот магазин „Daily Mail“ објави фотографија од снајперист кој лежи на земја и низ нишан набљудува автомобили, а истата е пронајдена во компјутерот на војникот поврзан со убиството на принцезата Дијана во 1997 година.

Снајперист на британската разузнавачка служба SAS лежи на земја на еден мост и низ нишан набљудува автомобили. Оваа фотографија не е направена во воена зона туку во едно британско место. Пронајдена е во лап топот на британскиот војник за кого, според најновите информации,се тврди дека ја убил принцезата Дијана.

Фотографија од местото на несреќата во која загина Дијана
Фотографија од местото на несреќата во која загина Дијана

Оваа информација неодамна стигна до Скотланд Јард, а дошла од воени извори и сега со неа се занимава посебна команда за криминал. Во рамки на оваа предистражна постапка, затоа што истрага повторно не е покрената, пронајдена е и оваа фотографија во лаптопот на војникот чиј идентитет не се открива, а кој наводно на својата сопруга и прознал дека силите на SAS ја убиле принцезата.

diana_crash_investigation

Скотланд Јард неодамна соопшти дека за сега нема повторно отворање на истрагата од 2004 година, но информациите и сите нови околности ги зема сериозно во предвид.

Дијана, египетскиот милијардер Доди Фајед и нивниот возач Хенри Пол загинаа во Париз во 1997 година откако нивниот Мерцедес се заби во столб во тунел.

Diana-Chicago

Скотланд Јард во 2004 година отвори истрага што траеше три години за на крај да биде заклучено дека за несреќата придонеле папараците, фактот дека возачот бил пијан и дека Дијана и Доди не биле врзани со безбедносните појаси. Дијана загина на 36 години.

- Реклама -