Фактите за сексот, и од научна и од историска основа, можат да бидат многу интересни. Тоа е причината заради која секогаш нѐ скокотка да дознаеме нешто плус на оваа тема. Денес ви претставуваме пет навистина забавни факти кои ги тангираат жените и сексот, кои голема е можноста да не сте ги знаеле.
1. Најстарите записи кои датираат од 19-тиот век говорат за постоење на вибратор, односно варијанта на истиот. Всушност, таквата направа се користела за лечење на „хистерија“ кај жените, а резултатите биле, очигледно, многу успешни.
2. Иако мажите се сметаат за големи љубовници, последните истражувања покажуваат дека жените имаат 17 проценти почесто секс од мажите.
3. Жените се во предност кога станува збор за оргазмнот. Всушност, женскиот оргазам е тројно подолг, трае околу 20 секунди додека мажите треба да се задоволат со 6 секунди.
4. Според многу истражувања, сексот има многу моќен ефект врз телото, но и на мозокот. Редовните сексуални односи го намалува крвниот притисок, го намалува ризикот од срцев удар и дејствува како антидепресив.
5. Сексот делува еднакво како лесна и забавна вежба. За време од 30-минутен секс, женското тело согорува преку 200 калории.