Сѐ се учи и никој не е роден како експерт за секс. Подолу во текстот ќе забележите дека за сите знаци што водат кон тоа дека сте лоши во кревет е виновно нивото на комфорност што го чувствувате.
Несигурни сте
Еден од очигледните знаци дека сте лоши во сексост е високото ниво на самосвест. Ако се плашите да ве видат гола, водите љубов со запалени светла или не дозволувате партнерот да ве допре по одредени делови од телото, сѐ е јасно. За да уживате во сексот и да бидете добри во него треба да се чувствувате удобно во сопствена кожа.
Не го кажувате тоа што го мислите
Ова ќе направи да бидете лоши во кревет подеднакво како и вашиот партнер. Зар толку е тешко да се каже вистината и да се зборува за своите желби и потреби во сексот?
Не знаете што сакате
Дури и ако имате многу малку искуство, мора барем малку да размислувате што ви се допаѓа, што ве возбудува и слично. Можеби во пракса тоа нема да ви се допадне, но сигурно нема да знаете додека не посакате.
Не преземате контрола
Дали вашиот партнер е оној кој секогаш ја предводи акцијата? Кога сте пасивни тоа не е доволно забавно ниту за него ниту за вас. Не мора да бидете доминантни или агресивни, но помага понекогаш малку да преземете контрола и често да ги менувате улогите.
Многу се смеете
Ова е малку превртливо. Смеењето секогаш е пожелно особено кога се во прашање интимните односи. Но ако се смеете како засрамено девојче во училишен двор и ја претворате целата сцена во нешто детско, тогаш тоа е проблем и знак на вашата несигурност.
Многу сте тивки
Ова не значи дека мора да врискате како во филмовите за возрасни. Од друга страна не е нормално ниту да бидете претерано тивки и да не го покажувате своето присуство.
Претерано анализирате
Доколку веќе подолго време сте со патнерот, престанете да анализирате што и како и само препуштете се. Спонтаноста го прави сексот поинтересен. Токму анализирањето на се што правите и како правите доведува до лош впечаток во сексот.
Не водите сметка за изгледот
Тоа што носите пижами не е знак дека сте лоши во кревет. Спеак, ако носите пижами затоа што не сте се издепилирале повеќе од еден месец претставува сериозен знак на запуштеност, а тоа води до незадоволство кај партнерот.
Се плашите да пробате нови работи
Како што ви кажавме, спонтаноста е најважна. Не се плашете да пробате нови работи. Само на тој начин може да дознате што сакате, а што не кога сексот е во прашање.