„Дали си маж“, краткиот македонски филм на Ѓорче Ставрески ја освои награда за најдобра режија на фестивалот „Преку езерото“ во Дојран. Тоа е прва домашна награда за овој филм.
“Гран при” на трето издание на Фестивалот на медитеранскиот и балканскиот филм “Преку езерото” ја доби извонредната дистописка драма “Тишина 6-9” на режисерот Христос Пасалис од Грција.
Со доделувањето на наградите и со проекции на пет долгометражни филма, од кои четири играни и еден документарен, заврши ова издание фестивалот, кој е единствен од ваков вид во Македонија.
Во неколкуте фестивалски дена, фестивалот Преку Езерото понуди програма за сечиј вкус, на отворено, на брегот на Дојранското Езеро.