Дали сега е подобро? Бибер беше исвиркан од публиката, а тој изведе стриптиз

Кога публиката на „Fashion Rocks“ фестивалот го исвирка пејачот Џастин Бибер, тој одлучил да ги замолчи со покажување на своето згодно тело.
Младиот Бибер бил повикан на музичката манифестација која ја следи модната недела во Њујорк, искочил на сцена со цел да го најави настапот на пејачката Рита Ора, но на сцената не одело се според план.

Пред публиката прво се појавил целосно облечен, а кога публиката почнала да го исвиркува пејачот, тој се свртел кон водителката и рекол: „Не се чувствувам пријатно ако не сум во своите боксерки. Зарем не е тоа кул?“. И пред да добие одговор Џастин почнал да се соблекува.

И кога останал само во боксерки, ја прашал публиката: „Дали е сега подобро?“.

Прочитајте и:  Сатиричната комедија „Бардо Тодор“ во режија на Сашо Кокаланов вечерва на сцената на НУЦК „Кочо Рацин“ Кичево

- Реклама -