Роденденската забава и понатаму трае, а сите се прашуваат со кој го слави роденденот познатата убавица.
Ирина Шајк е прилично срамежлива кога станува збор за нејзината врска со познатиот фудбалер Кристијано Роналдо. Манекенката моментално е на сончев одмор каде го прославува својот 29-ти роденден, а на Инстаграм објавила и неколку фотографии.
Во една од фотографиите се пофалила со огромен букет ружи кои ги добила од момчето, а објавила и нова фотка во бикини каде лесно се забележуваат отпечатоци од дланки на нејзиниот совршен задник.
Покрај тоа, таа се забавувала на јахта со пријателката Криси Теуген која по забавата се вратила во Њујорк за да го прослави роденденот на нејзиниот сопруг, пејачот Џон Леџенд.