Дали оваа слика заслужува да вреди 44 милиони долари?

Иако  се оградуваме од стручна компетентност  и говориме чисто од аспект на љубител на уметноста и галериите, нам ни е неверојатен податокот  дека оваа слика е продадена за дури 44 милиони долари.

Истата е дело на апстрактниот експресионист Барнет Њуман, „Onemеnt VI“ и понатаму е меѓу рекордерите според износот кој е платен за неа на аукција.

Њуман го насликал ова вредно дело во 1953 година, а она што повеќето веројатно го гледаат е огромно сино платно и бела линија на средината.

Како што тврдат критичарите, Њуман ги освојува љубителите на  неговите дела, токму со таа сензуална жива сина боја која коегзистира со вертикалната бела линија, како знак на човечкото присуство.

Би платиле ли и вие доколку имате  44 милиони долари за ова уметничко дело?

njuman-1

- Реклама -