„ Се заинтересирав за образование. Всушност, открив дека сите се заинтересирани за него. А вие?
Да речеме дека сте на вечерна забава и некој ве праша со што се занимавате, а вие одговорите дека работите во сферата на образованието. Ќе видите како тој пребледува. На лицето најчесто ќе се прикаже “О Боже мој, зошто јас! Да сретнам таков соговорник во единствената ноќ во која што сум излегол цела недела! “. Но, ако го прашате за образованието, тој ќе ве притисне до ѕидот и нема да ве пушти да си одите пред да ви раскаже детали. Образованието е една од оние работи, исто како религијата и парите кои влегуваат подлабоко во светот на луѓето и ги дефинираат. И така, јас сум многу заинтересиран за образованието, бидејќи тоа е она што не води кон иднината што не можеме да го фатиме. Ако размислите, децата кои почнуваат да одат на училиште оваа година (2006 ) ќе се пензионираат во 2065 година Никој нема јасна идеја како ќе изгледа светот по 5 години. Во исто време се очекува сите да сме образовани. Затоа, неможноста да се предвидат иднината и староста на следните генерации, според мене е исклучителна. Сепак сите се согласувате со вистински необичните можности кои ќе ги имаат децата. Можности за иновација. Според мое мислење сите деца во светот имаат свои исклучителни таленти и ние го трошиме нивниот потенцијал. При тоа го правиме доста безмилосно. Затоа, би сакал тука да зборувам за едукација и креативност. Сметам дека креативноста сега е толку важна во образованието како писменоста. И треба да се однесуваме кон неа со ист степен на важност. Слушнав голема приказна неодамна. Девојче на 6 годинки црта слика за време на лекции. Професорката се импресиониранирала што детето работело сконцентрирано, за разлика од останатите, отишла до него и го прашала: „Што црташ?”. Девојчето одговорило „сликам слика на Бог”. Учителката рекла „Но никој не знае како изгледа Бог”. Детето одговорило „За една минута веќе ќе знаат!”. Друга приказна: Кога син ми беше на 4 годинки во Англија учествуваше во библиска сцена. Џејмс беше во улогата на Јосиф, која можеше да се каже дека беше водечка. Нели се сеќавате на моментот кога Тројцата пристигнуваат во собата, носејќи дарови? Три момчиња излегоа на сцената со крпи на главата, секое на 4 годинки, и поставија кутии на земјата. Првото рече „Ти носам злато”. Второто „Ти носам мир”. А третото рече: „Франк ти го праќа ова.” Она што е заедничко во овие случки, е дека децата секогаш ќе се обидат. Тие не се плашат да грешат. Не сакам да кажам дека е спротивно да бидеш кретивен. Но она што се знае за сигурно е дека ако не си подготвен да згрешиш, никогаш нема да ти текне ништо оригинално. И кога ќе станат возрасни, повеќето од децатата ја имаат изгубено оваа своја способност. Почнуваат да се плашат да грешат. компаниите владеат на овој начин, меѓу другото. Ги осудуваме грешките. Сега раководиме образовен систем во кој грешките се најлошото нешто што можете да го сторите. Резултатот е дека ги образуваме луѓето надвор од креативниот капацитет. Пикасо рекол дека сите деца се родени уметници. Проблемот е да останеш уметник откако ќе пораснеш. Верувам дека не растеме кон креативниот талент, туку надвор од него, поради системот во кој се наоѓаме и живееме.
Еден од најпопуларните говори од светската серија конференции TED (Technology, Entertainment and Design), спроведена во САД. Како продолжува таа и самите зборови на Сер Кен Робинсон можете да слушнете во видеото подолу.