Откако BlackBerry го најавија новиот BlackBerry OS6, веднаш се очекуваше уред што ќе работи на него. Малкумина имаа можност да ја разгледаат демо верзијата на овој оперативен систем, и од тоа што беше прикажано никој не беше воодушевен. Сега останува да видиме дали новиот BlackBerry Torch ќе успее да остане на нозе и да напредува во свет каде што технологијата не напредува полека со мали чекори туку со огромни скокови.
Откако BlackBerry го најавија новиот BlackBerry OS6, веднаш се очекуваше уред што ќе работи на него. Малкумина имаа можност да ја разгледаат демо верзијата на овој оперативен систем, и од тоа што беше прикажано никој не беше воодушевен. Сега останува да видиме дали новиот BlackBerry Torch ќе успее да остане на нозе и да напредува во свет каде што технологијата не напредува полека со мали чекори туку со огромни скокови.
Да погледнеме што има овој телефон да понуди:
Хардвер
Неговиот надворешен изглед на прв поглед е сличен на секој друг BlackBerry телефон. Има лизгач со целосна QWERTY тастатура, нешто што го користат како технологија веќе 2 години, во комбинација со екран на допир. Пишувањето на оваа тастатура, како и на претходните модели, е претешко заради минијатурните копчиња. Иако на допир изгледа доста цврсто и убаво, овој дебел, гломазен дизајн е престар во споредба со другите телефони денеска кои се тенки и лесни за држење.
Од внатрешна гледна точка, Torch доаѓа со 512 мегабајти RAM меморија, 4 гигабајти вградена меморија и место за картичка до 32 гигабајти. Процесорот што го користи е истиот од неговиот претходник BlackBerry Bold 9700, засилен на 624 мегахерци. Резолуцијата е разочарувачки помала за денешно време, со само 480х360 дисплеј, а 5 мегапикселната камера со блиц не дава толку чисти слики како што се очекуваше од неа. Дополнително, сè уште не подржува снимање на HD видеа – опција која ќе има голема побарувачка наскоро.
Звучник и квалитет на повик
Како секој BlackBerry телефон и Torch знае како да се снајде на ова поле. Повиците се стабилни и чисти, а нивното воспоставување е едноставно без никакви компликации од страна на софтверот или позицијата на копчињата. Исто така, нема никаков проблем со антената која знае многу добро да фати сигнал.
Софтвер
Се разбира, не можеме да го оцениме овој уред само заради неговиот хардвер – вистинската приказна започнува од неговиот нов оперативен систем – BlackBerry 6. Иако не делува толку радикално како што сите се надеваа, овој оперативен систем има огромни промени кои делуваат како да се ставени со сила само за да ги исполнат сите оние дупки кои биле проблем за сите BlackBerry телефони до сега. Позитивно е што изгледот на менијата е комплетно изменет. Во претходните верзии за да се стигне до нешто, требаше да се помине низ многу менија. Сето тоа сега е олеснето со моќен универзален пребарувач и пристап до социјалните мрежи (Facebook, Twitter) со само еден клик. Лошо е што повеќето апликации не функционираат на оваа верзија и корисниците ќе треба да чекаат на нивна надградба пред да почнат да ги користат.
Општо
Ако сакате целосно да го разгледате овој уред, погледнете го видеото подолу.
{youtube}qz1afXSFicg{/youtube}
На крај, иако Torch е голем напредок во споредба со неговите претходници, тој не нуди ништо ново и иновативно. Тој е гломазен и нема никаква внатрешна сила. Можете многу лесно да најдете подобра алтернатива, во секој можен аспект, за помалку пари. Ако сакаме Torch да го наречеме најдобриот BlackBerry телефон до сега, нема многу да згрешиме. Но реално, најдоброто од BlackBerry не е ни приближно добро да им конкурира на iPhone и Android телефоните на денешницата. [BlackBerry Torch review]
Користиме „колачиња“ на нашата веб-страна за да можеме да ги запаметиме Вашите преференци и посети. Со кликање на „Прифати“, Вие се согласувате за употреба на СИТЕ колачиња.“
This website uses cookies to improve your experience while you navigate through the website. Out of these, the cookies that are categorized as necessary are stored on your browser as they are essential for the working of basic functionalities of the website. We also use third-party cookies that help us analyze and understand how you use this website. These cookies will be stored in your browser only with your consent. You also have the option to opt-out of these cookies. But opting out of some of these cookies may affect your browsing experience.
Necessary cookies are absolutely essential for the website to function properly. These cookies ensure basic functionalities and security features of the website, anonymously.
Cookie
Duration
Description
cookielawinfo-checkbox-analytics
11 months
This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics".
cookielawinfo-checkbox-functional
11 months
The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional".
cookielawinfo-checkbox-necessary
11 months
This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary".
cookielawinfo-checkbox-others
11 months
This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other.
cookielawinfo-checkbox-performance
11 months
This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance".
viewed_cookie_policy
11 months
The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data.
Functional cookies help to perform certain functionalities like sharing the content of the website on social media platforms, collect feedbacks, and other third-party features.
Performance cookies are used to understand and analyze the key performance indexes of the website which helps in delivering a better user experience for the visitors.
Analytical cookies are used to understand how visitors interact with the website. These cookies help provide information on metrics the number of visitors, bounce rate, traffic source, etc.
Advertisement cookies are used to provide visitors with relevant ads and marketing campaigns. These cookies track visitors across websites and collect information to provide customized ads.